ИТАЛИЈАНСКИ ЛАНЕЦ НА МАРКЕТИ ПЛАНИРА ДА ВЛЕЗЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
22/07/2024 9:24
Македонскиот малопродажен пазар наскоро ќе стане побогат за уште еден сериозен играч. Како што пишува порталот Retail Serbia Conad, еден од најголемите италијански синџири супермаркети, најавува влез на македонскиот и на црногорскиот пазар.
Конад моментално управува со 40 модерни супермаркети опремени според највисоките меѓународни стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години.
Конад Албанија е дел од групата Конад Адријатико. Првите супермаркети Conad во Италија беа отворени во 1962 година. Освен на домашниот пазар, синџирот е присутен и во Албанија, Сан Марино, Кина, Малта и на подрачјето на Косово.






