20 АВТОБУСИ НА ЈСП ПОВЛЕЧЕНИ ПОРАДИ ТЕХНИЧКА НЕИСПАВНОСТ И ДЕФЕКТИ
25/07/2024 19:46Проблемите во ЈСП се како приказна без крај. Кај се соочуваат со мал број на автобуси па дури и тие што ги имаат често се расипуваат. Директорот Кушовски за Телма открива дека се повлечени дури 20 автобуси од скопските улици поради тоа што имаат различни дефекти.

„Проблемот е во тоа што во моментов имаме недостаток од 20 и нешто возила, за да можеме да ги опслужиме линиите кои што се по летен возен ред. Тие се дефектни возила кои што не може да се пуштат во сообраќај“, вели Драги Кушовски, в.д. директор на ЈСП Скопје за Телма
Тој додава дека ЈСП работи според возниот ред од 2012 година, кога во оптек биле 350 автобуси, а сега претпријатието располага со вкупно 200. Од нив на 27 автобуси им беше расипана климатизацијата, а до денес таа е поправена кај 12. Со цел да се одговори на потребите на граѓаните, сообраќаат 15 автобуси на кои допрва ќе им се поправаат клима уредите, вели в.д. директорот на ЈСП. Па, останува проблемот на граѓаните да се возат без климатизација на високите температури.
Поради долгови кои го сардисаа ЈСП споро иде и набавката на резервни делови. Директорот не открил за колкави суми се работи, а потврди дека ЈСП има помал долг кон трите компании на приватни превозници кои поради тоа периодов возат редуцирано. Но, Кушовски демантира дека сумата е 140 милиони денари, како што велат превозниците.




