MKinformer

your daily dose of news

По зимскиот распуст: Учениците се враќаат на настава без пролетен распуст

19/01/2025 11:01
Class of primary school kids studying in a classroom

Учениците во основните и средните училишта ќе се вратат на настава утре, по тринеделниот зимски распуст, и ќе започнат второто полугодие за учебната 2024/2025 година. Второто полугодие ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои ќе учат до 16 мај. Оваа година нема да има пролетен распуст, а учебната година нема да биде продолжена.

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од анкетата, во која мнозинството наставници, родители и ученици од повисоките одделенија се изјасниле против воведување на пролетен распуст.

error: Содржината е заштитена од копирање !!