Над 200 лица лани примале плата од ПИОМ без да доаѓаат на работа
29/01/2025 15:47
Преку извештајот на Државниот завод за ревизија беше откриено дека лани во ПИОМ биле ангажирани 206 лица со договор на дело, чиј период на работа се движел од 2 до 12 месеци, со вкупни трошоци од над 800.000 евра. При тоа, не била водена евиденција за присуство на овие лица, ниту пак во договорите била предвидена обврска за доставување извештаи за извршената работа. Дополнително, голем број од договорите не биле ни потпишани.