MKinformer

your daily dose of news

153 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, СЛАВА МУ

04/02/2025 10:42

На денешен ден , 4 февруари 1872 година, пред 153 години е роден идеологот на македонското револуционерно движење, „Срцето на Македонската Револуционерна Организација“, Ѓорѓи Николов Делчев или како што сите го знаеме, Гоце Делчев.

Роден е и се школувал во Кукуш, кадешто завршил прогимназиско образование, во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште. Се вратил во Македонија и во Штип бил учител во Ново Село.

Ѓорче Петров во неговата „Беседа за Гоце“ со восхит зборува за апостолот на МРО.

Со кама стисната силно во раката како во екстаза, со движења кои ги правеше пред другарите, без некому лично да му се обраќа со зборови на восхит, просто ја опеваше камата како симбол на некаков култ. Секој којшто го слушаше или гледаше во таква положба, се заразуваше од неговите движења и зборови.

Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола… Гоце и самиот јунак, имаше голема слабост кон поединечните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето на кадри од такви поединци, неговата заслуга за Организацијата беше огромна. Во тој однос тој беше незаменлив.

Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваа духот и внатрешната сила на самиот автор. Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромно влијание. Гоце беше голем почитувач на личното јунаштво, зошто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример. Тој не запираше пред вистинската смрт, која би можела да се избегне. Никој, никаде и никогаш не забележал кај него белези на страв или збрканост во случај на средба со потери или кога му јавуваа дека претстои некоја опасност. Своето презирање на смртта кој него беше нешто природно и неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чувство што беше неразделно од неговата природа.

Ваквото влијание на тој правец беше огромно и многу значајно кога ги правеше многубројните посети на четите. Делчев секогаш ја ставаше на чело единката која имаше колективна целина. Една од неговите основни задачи во неговите агитации беше да создаде такви типови кои ќе го подигнат духот на луѓето за поединечна работа и борба, за лична иницијатива. Тој работеше и создаваше поединечни сили, кои се вткајуваа во организацискиот морал и во создавањето кадри од таквите сили, кои ќе бидат можен придвижувач на делото.

Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност… Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна… Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор… Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот…

error: Содржината е заштитена од копирање !!