MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Пролетниот фестивал во Кина е вистинско ремек дело, погледнете како Кина ја пречекува Новата Година

06/02/2025 10:16

Пролетниот фестивал, познат и како Кинеска Нова година, е еден од најзначајните традиционални празници во кинеската култура. Тој го одбележува почетокот на новата година.

Секоја година се изведуваат најразлични активности за да се испрати старата година, да се пречека пролетта, а се практикуваат разни обичаи и ритуали за среќа и благостојба и се слави соединувањето на семејството и фамилијата. Луѓето во Кина за Пролетниот фестивал секогаш се враќаат дома за бидат со своите најблиски и фамилијата, нешто како нашето „Кај и да си, за Бадник дома да си“.

За време на подготовките за Пролетниот фестивал секој човек во Кина од дете до старец, се труди да придонесува во создавањето на елементите за прославата. Во овој период од годината кај луѓето во Кина може да се забележи нивната посветеност, позитивна енергија и се трудат да се да биде во насока на постигнување на мир и хармонија.

Пролетниот фестивал е многу важен дел од кинеската култура и традиција,  тој е признаен од УНЕСКО како дел од нематеријалното културно наследство на човештвото.

error: Содржината е заштитена од копирање !!