MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Кина слави Нова Година, влегува во Годината на змијата и започнува долгата прослава на Лунарната Нова година

29/01/2025 0:42

На полноќ во средата (17 часот во вторник по средноевропско време), Кина влегува во Годината на змијата и започнува долгата прослава на Лунарната Нова година.

Кинеската Нова година, позната и како Пролетниот фестивал, се заснова на традиционалниот лунарен календар и затоа се одржува на различни датуми секоја година, на крајот на јануари или на почетокот на февруари. Се слави и во други азиски земји како Виетнам, Сингапур, Јужна Кореја, Малезија, Тајван и Индонезија.

За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места. Кинеското Министерство за транспорт очекува околу 510 милиони патници со железница и 90 милиони со авион оваа година.

На многу места се слави со огномет, а во поголемите градови и со претстави со дронови. Кинезите ги следат прославите и дома, на телевизија, а се смета дека станува збор за едни од најгледаните програми во светот.

Кина излегува од Годината на змејот и влегува во Годината на змијата, која во својата традиција претставува мудрост, интуиција и приспособливост. Симболот на змејот е еден од најпопуларните меѓу Кинезите, па многу родители имале за цел нивните деца да се родат во овој знак. Во Годината на змијата често се забележуваат помалку раѓања.

Со почетокот на Пролетниот фестивал како што се нарекува почетокот на новата година во Кина ова видео е најава за гала прославата во провинцијата Хенан. Станува збор за изведба на традиционалниот „Црвен танц“, а промотивното видео е на реномираниот кинескиот режисер Тиан Лу во чест на Годината на Змијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!