MKinformer

your daily dose of news

Синоќешна акција на граничниот премин „Богородица“ пресече канал за шверц на дрога

12/02/2025 11:49

Според неофицијалните информации, поголема количина дрога била пронајдена во камион со македонски регистарски таблички синоќа на граничниот премин „Богородица“. Операцијата била спроведена од екипи на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царинската управа.

Неофицијално, дрогата била скриена во товарот на камионот, кој бил наполнет со рециклирана отпадна хартија. Според првичните информации, камионот влегол во Македонија од Косово и бил на пат за Грција, а потоа требало да продолжи за Турција.

Медиумите јавуваат дека акцијата на „Богородица“ резултирала со пресечен канал за шверц на наркотични супстанции. Во текот на синоќешната проверка, полицијата и царинските екипи вршат детални контроли на камиони кои минуваат низ преминот. Дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!