НОВ ЗАКОН ЗА ЛОКАЛАНА САМОУПРАВА: Граѓаните ќе можат да отповикаат градоначалник на референдум
17/02/2025 19:25
Новиот закон за локална самоуправа, кој се очекува да биде донесен до летото, не предвидува разрешување на актуелните градоначалници на општините.
До 30 март ќе се подготвуваат предлог измените на Законот за локална самоуправа а се очекува до летото да бидат усвоени во Собранието. Ова го најави министерот за локална самоуправа Златко Перински кој рече дека главна измена на овој закон е граѓаните да можат да иницираат и потоа преку референдумско изјаснување да отповикаат градоначалник.
Сепак актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска нема да биде опфатена со овој закон, туку ќе важи за идните општински татковци.






