ВО ОВОЈ СЕКТОР ЛАНИ СЕ ДЕЛЕЛЕ БРУТО ПЛАТИ НАД 200.000 ДЕНАРИ
22/02/2025 9:35
После подолг период највисоката просечна бруто плата не е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Во декември лани во овој сектор просечната бруто плата е 154.829 денари.
Во земјава највисоката просечна бруто плата е исплатена во секторот Воздухопловен транспорт и истата изнесува 200.842 денари.
Државниот завод за статистика (ДЗС) информираше дека просечната бруто плата во декември во 2024 година изнесувала 65.582 денари.
За споредба просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, изнесувала 41.999 денари.
Просечната бруто-плата во декември 2024 година достигна 65.582 денари.





