MKinformer

your daily dose of news

Кети Пери и Лорен Санчез ќе учествуваат во лет во вселената преку Блу ориџин

28/02/2025 15:31

Американската поп-пејачка Кети Пери ќе учествува во лет во вселената заедно со неколку жени, меѓу кои и Лорен Санчез, вереница на Џеф Безос, објави вселенската компанија Блу ориџин. Летот ќе се одржи напролет, како што најави компанијата, која е во сопственост на Амазон. Ова ќе биде 11-ти лет со екипаж на Блу ориџин, која веќе неколку години организира летови за вселенски туризам благодарение на ракетата Њу Шепард.

Покрај Кети Пери, во летот ќе учествуваат и филмската продуцентка Кериен Флин и основачката на невладина организација која се бори против сексуалното насилство, Аманда Нгијен.

Летот, кој трае само неколку минути, ќе им овозможи на патниците да се откачат од своите седишта и да лебдат во нулта гравитација. Ракетата полетува вертикално и капсулата се одвојува во лет, пред да се врати на Земјата, забавена од падобрани и ретро-погонско гориво. Цената на билетите не е откриена.

Главниот конкурент на Блу ориџин во вселенскиот туризам е Вирџин Галактик, која нуди слично искуство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!