Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска во општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден
28/02/2025 11:22
ЕВН Македонија АД информира дека денеска, на 28 февруари 2025 година, ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија за дел од корисниците во општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден, поради технички зафати и планирани работи на мрежата. Деталите за временските периоди и улиците кои ќе бидат погодени се следни:
Општина Кисела Вода: корисниците од ул. Димо Хаџи Димов, лоцирани кај агенцијата ОСА, во периодот од 08:00 до 12:00 часот.
Општина Ѓорче Петров: корисниците од ул. Веле Марков и ул. Кичевска, во периодот од 09:30 до 14:30 часот.
Општина Илинден: корисниците од улицата после гробиштата во Марино кон населба Јака, во периодот од 12:00 до 14:00 часот.




