MKinformer

your daily dose of news

СИ БИ ЕС ОТКРИВА: Мајк Волц и неговиот заменик Алекс Вонг поднесоа оставки

01/05/2025 19:06

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, и неговиот заменик Алекс Вонг, ги напуштаат своите позиции, изјавија повеќе добро информирани извори за Си-Би-Ес.

Валц се најде под јавен критики во март откако постави разговор на платформата „Сигнал“ и погрешно го вклучи новинарот Џефри Голдберг од „Атлантик“, во кој беа вклучени дискусии меѓу врвни американски претставници за национална безбедност за плановите за напад врз цели на јеменските бунтовници Хути во Јемен.

Голдберг го објави времето на планираниот напад врз Хутите и какво оружје ќе биде употребено.

Откако Волц ја призна автентичноста на извештајот зад затворени врати, претставници на Белата куќа дебатираа дали треба да поднесе оставка, но Волц никогаш не даде таква понуда.

Во тоа време, Трамп не бараше Волц да се повлече, но јавно му ја даде својата поддршка.

Вонг беше заменик-специјален претставник за Северна Кореја, а исто така и заменик-помошник државен секретар за прашања на Источна Азија и Пацификот во Стејт департментот за време на првиот мандат на Трамп.

Трамп рече дека Вонг помогнал во преговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

error: Содржината е заштитена од копирање !!