MKinformer

your daily dose of news

ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ЖЕНА, А НЕ ДЕТЕ, ПАЛЧО НИ ВЕТИ ПО 150.000 ЕВРА ЗА ГРАБНУВАЊЕТО НА ВАЊА

12/03/2025 14:15

Oбвинетиот Велибор Манев, откако го заврши својот исказ пред судот за убиството на Панче Жежовски продолжи со своето излагање сведочејќи за киднапирањето на Вања, тврди дека во темницата под скалите, не виделе дека киднапираат дете место жена.

„Откако ја ставивме особата за која мислевме дека е жена во гепек, по насоки на Палевски, почнавме да се движиме. Испаднавме на Партизанска, па скршнавме кон Рузвелтова. Сè како што беше прикажано од снимките на ‘сејф сити’. Палевски нè чекаше кај надвозникот, продолжи, јас со ‘ситроенот’ по него”, кажуваше во детали сведокот-обвинет.

„Стасавме на местото Оризови дупки. Кога го отворивме гепекот, Палчо ја праша која е, како се вика, кои се мајка и татко ѝ. Кога му кажа, ни рече да ја извадиме надвор. Да ја слика и да им прати слики на родителите. Кога ја откопчавме вреќата за спиење, и кога го извадивме селотејпот, видовме дека е дете, а не жена. Му рековме со Боре да ја ослободиме, дека сме под маски, дека никој не нè виде. Палчо почна пак да вика да прекинам, оти ништо не разбирам, сè е тамам и чисто. Ни кажа дека сумата за грабнувањето ќе биде помала од првичната”, одговараше тој на прашања од својот бранител.

„Се свртев кон лозјата запуштени и некроени. Потоа да ги видам собите што се правени. Да се внесе детето таму. Додека гледав, Палчо му пријде на детето со перниче во раката. Се доближи, му испука куршум на детето. Отиде до колата, извади нови копач, лопата и ашов. Ги фрли кон нас, нареди да ископаме дупка. Копавме по таа смрзната земја, јас и Влатко ја спуштивме во дупката. Палевски ја држеше за главата, ја извади вреќата, ја фрли во колата на Панче. Плачев и ја закопував”, збореше во тешкото сведочење Велибор Манев.

Откако завршиле со закопувањето на Вања, Велибор Маневски изјави дека тој го возел ‘ситроенот’, а Палчо го возел ‘кангуто’ напред.

Потоа Кешишев го полил „ситроенот“ со бензин и го запалиле. Велибор седнал како совозач напред во пикапот ‘кангу’, Палевски го возел. Дошле во канцеларијата на партијата Десна.

Палевски им ветил по 150.000 евра на секого од грабнувањето на ќерката на фармацевтот.
„Кога видовме дека има грешка во грабнувањето, Палевски ни рече дека нема да бидат толку, ќе бидат помалку, ама ќе ги земеме“, сведочеше Манев.

error: Содржината е заштитена од копирање !!