Повеќе членови на групата ДНК загинаа во трагичниот пожар во Кочани
16/03/2025 16:48
Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК подлегна на повредите од трагичниот пожар во Кочани. Имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал огнот, но го изгубил животот.
Во несреќата загинал и Филип Стевановски од Куманово, продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки. Беше професор во Штипскиот државен музички училишен центар и оваа година беше назначен за директор на Центарот за култура во Штип.
Загинал и Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанарот на ДНК од Струмица. „Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар, полн со страст за музиката и инспирација за многу млади таленти“, пишуваат струмичани.
Во трагедијата животот го загуби и Сара Пројковска, придружен вокал на ДНК. „Со длабока жалост и неверица ви соопштуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во трагедијата во Кочани. Сара, полна со љубов, живот и музика, беше инспирација за сите“, пишуваат од Факултетот за музичка уметност.
Фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше Андреј и Панчо на настапите низ државата, е исто така меѓу загинатите. Млад и талентиран, беше дел од тимот кој ги документираше нивните настапи.
Панчо, кој има изгореници на рацете и лицето, е хоспитализиран и на кислородна поддршка.






![ЕВЕ ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИЛО СО МОМЧЕТО КОЕ СЕ САМОЗАПАЛИ И ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)