MKinformer

your daily dose of news

Најмалку 50 лица загинаа во пожар во дискотека во Кочани

16/03/2025 8:49

Најмалку 50 лица загинаа, а многу други се повредени во катастрофален пожар што избувна во дискотека во Кочани ноќеска, за време на концерт на позната музичка група, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА.

Според првичните информации, пожарот најверојатно е предизвикан од употреба на пиротехнички средства за време на концертот, но истрагата за причините на несреќата се уште е во тек.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,  на терен и се очекуваат првите официјални информации за трагедијата.

Пожарот предизвика хаос и паника меѓу присутните, а спасувачките екипи веднаш започнаа со спасување на преживеаните и евакуација на повредените. Локалните и националните власти работат на обезбедување на сите детали околу трагедијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!