MKinformer

your daily dose of news

Повеќе членови на групата ДНК загинаа во трагичниот пожар во Кочани

16/03/2025 16:48

Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК подлегна на повредите од трагичниот пожар во Кочани. Имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал огнот, но го изгубил животот.

Во несреќата загинал и Филип Стевановски од Куманово, продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки. Беше професор во Штипскиот државен музички училишен центар и оваа година беше назначен за директор на Центарот за култура во Штип.

Загинал и Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанарот на ДНК од Струмица. „Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар, полн со страст за музиката и инспирација за многу млади таленти“, пишуваат струмичани.

Во трагедијата животот го загуби и Сара Пројковска, придружен вокал на ДНК. „Со длабока жалост и неверица ви соопштуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во трагедијата во Кочани. Сара, полна со љубов, живот и музика, беше инспирација за сите“, пишуваат од Факултетот за музичка уметност.

Фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше Андреј и Панчо на настапите низ државата, е исто така меѓу загинатите. Млад и талентиран, беше дел од тимот кој ги документираше нивните настапи.

Панчо, кој има изгореници на рацете и лицето, е хоспитализиран и на кислородна поддршка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!