Почина и Андреј, пејачот од ДНК
16/03/2025 16:23
Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од трагично загинатите во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, рано утринава, пред околу 3 часа. Според информациите, тој имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот и го загубил животот.
И младата музичарка, тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица, го загуби животот во истиот трагичен пожар. Сѐ уште се трага по вонр.проф. м-р од Факултетот за музички уметности, Сара Пројковска, која е пратечки вокал во групата ДНК.
На својот профил на Инстаграм, Андреј Ѓорѓиески со гордост го најави настапот на ДНК во Кочани вчера, пишувајќи:
„После точно една година, оваа сабота (15.03) гостуваме во клубот ‘Пулс’, каде што секогаш сме добредојдени, и кој има една од најдобрите публики.“
Според последните информации од МВР, во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ животот го загубиле 59 луѓе. Пожарот избувнал поради пиротехнички средства кои запалиле дел од опремата на таванот, по што дел од таванот се срушил врз присутните. Голем број луѓе загинале и во стампедото што се создало при обидите за бегство.






