MKinformer

your daily dose of news

Неколку скопски општини денеска без струја поради планирани зафати во мрежата

07/04/2025 8:26

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека денеска дел од скопските општини ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.

Прекини во напојувањето со струја се најавени на следниве локации:

  • Од 8:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. „Кумановска“ во населба 11-ти Октомври, Општина Кисела Вода;
  • Од 8:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од населбата Момин Поток, објектите во околината на зградата на „МОТОЦЕНТАР“, Општина Карпош;
  • Од 9:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. „Бутелска“ – Крак бр. 2 и Крак бр. 6, Општина Бутел;
  • Од 9:00 до 13:30 часот, корисниците од улиците „Горно Лисиче“ и „Лисец“, Општина Аеродром;
  • Од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Добридол, место викано Садиње, по Дом за стари лица „Панорама“, Општина Сопиште.

ЕВН апелира на корисниците да ги следат сите упатства и да бидат подготвени за привременото исклучување на електричната енергија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!