31-годишна штипјанка тешко повредена по излетување од автопат кај Штип
08/04/2025 9:10
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 10:50 часот на автопатот Миладиновци–Штип, кога 31-годишната А.Т. од Штип со патничко возило марка „Шевролет“ излетала надвор од коловозната лента, близу клучката Север.
Возачката се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Клиничката болница во Штип за итно медицинско лекување.
Полицијата веднаш извршила увид на местото на несреќата, а од ОВР Свети Николе се врши истрага за причините на несреќата, која може да биде последица на брзо возење, невнимание или евентуален дефект на возилото. За случајот е известен и надлежен јавен обвинител.






