Џиновско Велигденско јајце поставено во дворот на тетовската црква „Св. Кирил и Методиј“
17/04/2025 9:16Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, верници од Тетово изработија џиновско Велигденско јајце и го поставија во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“.
Импозантното јајце е високо 2,3 метри, со обем од 160 сантиметри, и било поставено со помош на кран. Изработката е резултат на заеднички труд на верници од тетовските населби Певчина, Два Бреста и Поток, кои користеле стиропор, гипс и други достапни материјали.
„Во православната традиција, јајцето симболизира живот и воскресение, па затоа има особено значење за Велигден,“ рече отец Александар Стојановски, старешина на соборниот храм.
Покрај ова јајце, уште едно слично, високо 1,7 метри, денеска било поставено во дворот на црквата „Свети Никола“ во Тетово, збогатувајќи ја празничната атмосфера во градот.






