Семејствата на настраданите од Кочани, утре на протестен марш во Скопје
28/04/2025 18:19
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција.
,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себеуништување“, истакнаа семејствата во писмено соопштение.
Според најавата, маршот ќе започне пред ОЈО во Скопје, ќе продолжи на плоштад Македонија во Скопје, по што маршот ќе се упати пред собранието на Македонија.






