Сообраќајна несреќа во Аеродром: Превртен автомобил по судир на крстосница
28/04/2025 10:44
Утрово во скопската општина Аеродром се случи сообраќајна несреќа во која едно од возилата се превртело на коловозот. Инцидентот се случил на крстосницата меѓу булеварите Видое Смилевски Бато и Србија.
Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила, но засега нема официјални податоци за причините за судирот, ниту за евентуално повредени лица. На терен интервенирале полициски екипи, а сообраќајот во тој дел од градот бил времено пренасочен.
Очекува се повеќе информации да бидат објавени откако ќе заврши полициската истрага.






