MKinformer

your daily dose of news

Распаднати фасади и кровови претставуваат ризик за минувачите низ Центарот на Скопје

29/04/2025 9:43

РаспадРаспаднати фасади и делови од кровови на стари згради низ скопската Општина Центар претставуваат сериозна опасност за минувачите, особено на улиците Ленинова, Орце Николов и Рузвелтова, каде што парчиња материјал веќе се имаат одвоено или висат над тротоарите.

Најзагрозени се објекти изградени пред земјотресот во 1963 година, чии фасади и кровови со децении не се реновирани. Состојбата е толку критична што на некои локации, како на улицата Орце Николов, станарите самостојно го оградиле просторот пред зградата и поставиле знак за предупредување со цел да се избегнат несреќи.

Од Општина Центар велат дека одржувањето и санирањето на фасадите е обврска на сопствениците и управителите на зградите. Инспекторите веќе се на терен и, според најавите, ќе следуваат задолженија за санација.

„Одговорноста за евентуални штети и ризици ја сносат сопствениците и управителите. Граѓаните кои ќе забележат опасни објекти треба тоа веднаш да го пријават во Секторот за инспекциски работи,“ соопштија од Општина Центар.

Дополнително, од Општината информираат дека оваа недела ќе биде распишан јавен повик за реконструкција на фасади, на кој ќе можат да аплицираат станарите и управителите на зградите со цел добивање поддршка за санација.

error: Содржината е заштитена од копирање !!