MKinformer

your daily dose of news

(ФОТО)Осамна мурал од Андреј од ДНК на ѕид во кафуле во Скопје

06/05/2025 9:31

Дамјан е сопственик на локалот „Шо има?“ во Скопје, каде сега осамна мурал посветен на трагично и прерано загинатиот Андреј од ДНК.

Инаку, на муралот нацртан е неговиот лик и напишани се дел од стиховите од песната на ДНК „Круг“. Оваа песна всушност му била омилена на Дамјан.

За муралот Дамјан вели:
„Заедно сите расневме, се смеевме, забавувавме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме, посветувавме песни на новите и стари љубови, едноставно од старо до мало сите ги обожававме…!

Тргнувајќи од себе љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ги пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат „Досаден си Дамјан, дај смени…”

„Толку ги слушав и пуштав ДНК во моето кафуле што почнаа да ми викаат ‘Досаден си Дамјан, дај смени…’”, вели дечкото кој направи мурал кој ќе нè потсетува на ликот и делото на Андреј. Нашата блескава музичка ѕвезда која прерано згасна…

Кобниот ден отидов сам во мојот локал @shoima.mk да читам книга мислејќи дека малку ќе ми помогне од целиот шок, но ме прекина веста за Андреј…

Затоа решив 3-те работи што ми значат да ги спојам во едно: кафулето, Андреј и омилената песна од него. Ова е најмалку што можев да направам.

Андреј ќе живее вечно, како низ песните така и муралот ќе не потсеќа на неговото дело и ќе ни буди добри спомени.

Искрено благодарам на @___nw99_ и неговата екипа што ме поддржаа и ми помогнаа за ова дело!“

Муралот го сподели и сопругата на Андреј, Наталија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!