Градоначалникот на Карпош со документи покажува политички прогон
15/05/2025 11:45
На денешната прес конференција, градоначанликот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, со документи докажува дека, судскиот случај против Јакимовски, не е ништо друго освен политички мотивирана и политички донесена пресуда.

Имено за еден од објектите за кои е обвинет, за легализација на дивоградба, полномошник на истиот, бил сегашниот Министер за Внатрешни Работи, а тогаш Адвокат Панче Тошковски, кој воедно е и еден од тимот кој го прави и пишува Законот за Легализација.






