Филипче: Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет
19/05/2025 13:45
Филипче посочи дека задолжувањето од 6 милијарди евра се сума на пари поголема од нашиот буџет.
„Сметам дека јавноста за жал, ниту политичките субјекти, за ваков договор за заем, немаат доволно детали. Сметам дека Владата треба да излезе со детали, бидејќи ваква рамка, за волкав заем, немаме потпишано со ниту една институција, ниту една Влада. Станува збор за огромни суми на пари, камати кои не знаеме колкави се, а ќе ги враќаат неколку генерации“, рече Филипче.
Посочи и дека договорот за стратешко партнерство со Англија има поддршка од СДСМ.
„На ‘ABC news’ имаше информација дека откако Албанија одбила, лидерите на Косово, Северна Македонија кажале дека не се согласуваат за кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање, дали се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување имигранти во нашата земја?“, рече Филипче.






