MKinformer

your daily dose of news

ЗАВРШНИЦА ОД СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ НА 9ТИ ЈУНИ

31/05/2025 9:28

Судењето за случајот со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во кое главен обвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е одложено и наместо на 2 јуни, ќе се одржи на 9 јуни. Основниот кривичен суд во Скопје информира дека одложувањето е на барање на надлежниот јавен обвинител.

Причина за презакажувањето е обемноста на предметот и потребата од повеќе време за подготовка на завршните зборови, со оглед на бројните материјални и вербални докази и дополнувањето на доказната постапка.

На последното рочиште, одбраната на Палевски, Видевски и Ѓорчевски предложи нови докази, додека другите обвинети — Манев и Кешишов — не предложија дополнителни докази. Љупчо Палевски приговараше за времето прикажано на видео-снимките од дворот на Велибор Манев, тврдејќи дека не е точно, иако снимките беа вештачени и потврдени од МВР.

Според обвинението, обвинетите заеднички го испланирале киднапирањето на 14-годишната Вања со цел да изнудат откуп од нејзиното семејство. Во истиот контекст било и грабнувањето на Панче Жежовски во Велес — со цел да им го земат неговото возило „Ситроен“, кое потоа било користено во киднапирањето на Вања.

И двајцата — и Вања и Панче — беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември 2023 година, а нивните тела беа пронајдени на 3 декември во близина на Скопје и Велес.

error: Содржината е заштитена од копирање !!