MKinformer

your daily dose of news

Трета годишнина од Томосот за Автокефалија на МПЦ-ОА и официјално укинување на т.н. ПОА

07/06/2025 15:56

Во Соборниот храм “Света Софија” во Охрид, на 5 јуни 2025 година се одржа света божествена литургија со која се одбележа годишнината од Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, кој го издаде Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква на 5 јуни 2022 година во Соборниот храм “Свети Архангел Михаил” во Белград.
Со светата божествена литургија чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Патријархот Српски г.г. Порфириј
Со заедничката света божествена литургија, официјално престана таканаречената “Православна Охридска Архиепископија” (ПОА) и јурисдикцијата на Српската Православна Црква во Македонија!
Со оваа заедничката света божествена литургија, Македонската Православна Црква се официјализира како една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната и славна автокефална Охридска Архиепископија/Патријаршија и Јустинијана Прима во евхаристиска заедница и канонско единство со сите помесни православни цркви во светот, а четирите епископи на ПОА, задно со нејзините десетина свештеници и монаси и монахињи се вратија во МПЦ-ОА.
error: Содржината е заштитена од копирање !!