MKinformer

your daily dose of news

Стевчо Јакимовски: Со критика за КХС

07/06/2025 2:46

Градоначалникот на Карпош, со Искрена критика за не ажурноста, не професионалноста и не одговорноста, на јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје (КХС).
Тој на Фејсбук напиша објава со видео:
🚯 СРАМ МИ Е…

Ќе бидам искрен – срам ми е како изгледа Карпош овие денови.
Срам ми е кога ќе поминам покрај преполни контејнери и расфрлан смет.
Срам ме е кога ќе видам граѓани што живеат чесно и си ги плаќаат давачките, а за возврат добиваат само запуштеност.
Не ми е лесно ни мене како градоначалник да гледам дека надвор од мојата надлежност, некој не си ја врши работата – а граѓаните страдаат.
И не е тоа некаков изговор – туку чувство на немоќ и горчина што не можам сам да го решам она што е системски проблем.
Карпош никогаш не смеел да изгледа вака.
Да ти е непријатно да поминеш по сопствената улица. Да наведнуваш глава кога ќе ти дојде некој дома.“- Вели Јакимовски во Објавата на Фејсбук.
error: Содржината е заштитена од копирање !!