MKinformer

your daily dose of news

🛑 Тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово-Скопје: Една девојка загина, четворица повредени

07/06/2025 14:34

На 6 јуни 2025 година, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје–Тетово, се случила тешка сообраќајна несреќа во која патничко возило марка БМВ со скопски регистарски таблички излетало од коловозот и се превртело.

Возилото го управувала 22-годишната М.Џ. од село Семениште, општина Сарај.
Во несреќата тешко била повредена 19-годишната В.М., исто така од Семениште, која била пренесена на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите во 17:40 часот констатирале смрт.

Дополнително, три други сопатнички — А.М. (21), А.М. (21) и Р.М. (24), сите од истото село — се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Градската болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатата е предадено на обдукција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!