MKinformer

your daily dose of news

Парадата на гордоста 2025 ќе се одржи на 21 јуни во Скопје под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно“

15/06/2025 18:25

Наместо традиционален концерт, оваа година манифестацијата ќе биде во форма на протестен марш. Организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија објаснуваат дека промената доаѓа како реакција на тоа што „образовниот систем ги игнорира нивните идентитети“.

„Сè почестото насилство, навредите и исмевањето во училиштата не се случајни – тоа се директни последици од молкот и срамот што го покажуваат институциите. Наместо поддршка, добиваме невидливост. Наместо грижа – негирање. Затоа ќе застанеме пред Министерството за образование, гласни и непокорни, зашто младите го заслужуваат тоа“, изјави активистот Стефан Петровски за порталот САКАМДАКАЖАМ.

Маршот ќе започне во 18 часот од паркот Жена-борец, а по собирањето и кратките обраќања, протестната поворка ќе тргне низ скопските улици во 19 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!