Сосед се заканувал со пушка во Виница
27/06/2025 11:27
На 26.06.2025 во 16.47 В.М. (61) од с. Крушево пријавила дека околу 16.40 часот додека била во дворно место од семејната куќа во с. Крушево, дошол нејзиниот сосед Б.Т. и и се заканувал со пушка.
По добиената пријава, преземени се соодветни мерки, известен е јавен обвинител и по добиена наредба од Основен суд Виница, извршен е претрес во домот на Б.Т., при што пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривично дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на МВР.


![Насилник од Тетово ѝ се заканувал на сопругата и ќерката semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)



