MKinformer

your daily dose of news

Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

30/06/2025 19:51

На улицата „Климент Охридски“ во Струмица се одвиваше полициска акција со големо присуство на полициски сили, каде беа лишени од слобода три лица осомничени за шверц на наркотична дрога.

Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност преку Секторот за внатрешни работи Струмица се исправило на патот на канал за меѓународна трговија со марихуана, на релација Скопје – Струмица, со крајна дестинација најверојатно Бугарија или Грција.

Уапсените се две лица од Скопје и едно лице од Струмица. Се работи за поголема колочина на наркотична дрога.

Полицијата повторно испраќа силна порака дека борбата против организираниот криминал е приоритет и дека секој обид за шверц и трговија со дрога ќе биде решително санкциониран. Акцијата претставува уште една потврда дека службите се будни, професионални и одлучни – без разлика дали станува збор за локални, регионални или меѓународни закани.

Се очекуваат детали од МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!