Според РИК, СНС на Вучиќ победи на предвремените локални избори во Косериќ
01/07/2025 23:04
Денес во Косјериќ се одржа повторно гласање за советници во Општинското собрание на едно избирачко место на изборите одржани на 8 јуни, каде што гласањето беше поништено со пресуда на Вишиот суд во Ужице.
Листата на Српската напредна партија (СНС) освои 50,16 % од гласовите или 14 места, додека листата „Обединети за Косјериќ“ освои 47,62 %, или 13 места, според прелиминарните резултати објавени вечерва од страна на Републичката изборна комисија (РИК).
Резултатите се обработени за сите 29 избирачки места во Косјериќ и покажуваат дека од 8.897 регистрирани гласачи, гласале 7.492.
Утврдено е дека 118, или 1,58 % од гласачките ливчиња се неважечки, додека 7.374, или 98,42 %, се важечки.






