MKinformer

your daily dose of news

Реакција на ќерката на прегазениот од мотор на Градскиот кеј: Ми го прегазија татичко пред сопствениот прозор…

02/07/2025 13:15

Денеска беше споделена веста за скопјанец кој беше прегазен од мотор на Градскиот кеј, во непосредна близина на неговиот дом. По веста за трагичниот настан се огласи и ќерката на загинатиот.

„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, пред сопствениот прозор. Се зацрни уште една фамилија. Дали ќе има крај на ова, до кога се прашуваме, до недоглед!!! Дали е тоа место за возење на мотори!? Ќе ми фалиш бескрајно, еден дел од мене засекогаш згасна“, гласеше трогателната рекација на ќерката на загинатиот татко.

Таа во објавата порача дека ќе се бара правда!

error: Содржината е заштитена од копирање !!