MKinformer

your daily dose of news

Општина Битола ја објави програмата на „БИТФЕСТ“

02/07/2025 19:52

Под слоганот „Убавината на уметноста“, Битолското културно лето и годинава, во своето 17-то издание, носи богата програма исполнета со културни настани што го збогатуваат уметничкиот живот на градот.

Во текот на летото, Битола ќе биде сцена на: концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции, уметнички перформанси и многу други настани кои ја слават културата и креативноста.

Битолското културно лето БИТ ФЕСТ се реализира во соработка помеѓу Општина Битола и Културен и информативен центар Битола, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

error: Содржината е заштитена од копирање !!