MKinformer

your daily dose of news

Кој е подобар на анкетите за градоначалник на Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ?

04/07/2025 21:01

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, не откри дали ќе се кандидира за градоначалник на Скопје, велејќи дека ќе почека да помине седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, закажана за недела.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, води во внатрепартиските анкети и ќе биде избраниот кандидат, Перински рече дека нема таква потврда. Сепак, истакна дека ќе ја поддржи секоја кандидатура што ќе биде избрана и ќе соработува активно во кампањата.

– Без оглед на тоа кој ќе биде кандидат, ќе ја има мојата целосна поддршка, а мојата работа во министерството ќе продолжи со истото темпо – изјави Перински на прес-конференција на која го презентираше годишниот отчет за работата на Министерството.

Во врска со резултатите од анкетите, тој рече дека очекувањата за победа на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се големи и се поткрепени со бројки.

– Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во анкетите е историски во наша полза. Имаме реални шанси да победиме во речиси сите општини низ државата. Партијата е силно позиционирана во Скопје и не предвидувам изненадувања. Наскоро ќе заврши процесот на одлучување и за општина Центар, а за неколку дена ќе биде познат и нашиот настап во претстојниот период – додаде Перински.

error: Содржината е заштитена од копирање !!