ЛЕВИЦА: ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС
04/07/2025 16:36
Најавените формулации во претстојниот извештај на Европскиот парламент, со кои директно се негира македонскиот јазик и македонскиот идентитет, преку нивна релативизација со придавки како „современ” или нивно целосно отстранување од текстот. Ова претставува бесрамен и намерен обид за институционално бришење на националниот политички субјективитет на македонската држава.
Особено алармантно е што токму десничарската Европска народна партија (ЕПП), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ – ја има поднесено иницијативата за проблематизирање и модификација на македонскиот јазик во официјалниот извештај!
Ова е сериозен скандал и национално предавство, бидејќи додека домашните политички претставници лажно глумат патриотизам, нивните сестрински партии во Брисел активно работат на бришење на македонската историја, култура и идентитет од европските документи.
Овој извештај е уште еден од низа докази дека Европската Унија ги применува двојните стандарди кон Македонија, и дека европските директиви се сѐ почесто алатка за уцена, а не за развој. Наместо да биде простор за заштита на националните идентитети и различности, ЕУ сѐ повеќе станува геополитичка алатка на историски ревизионизам и неоколонијализам.
Ова не е интеграција – ова е национално разградување по директива. Продолжувањето по овој пат не води кон ЕУ, туку кон политички ќор-сокак, идентитетска разграденост и трајно уценета државност.
Во случај Европскиот парламент да го усвои ваквиот понижувачки и опасен извештај, Левица упатува силен апел до Владата на Република Македонија:
- Да постапи со решителност и во духот на државната сувереност, наместо со слепа покорност кон надворешни диктати;
- Да го замрзне евроинтеграцискиот процес, кој прерасна во систем на континуирани уцени и идентитетска деградација;
- Да го прекине секое понатамошно мешање на Европската Унија во внатрешните прашања на државата, особено оние поврзани со јазикот, идентитетот, историјата и уставното уредување;
- И, најважно – во најбрз можен рок да се пристапи кон раскинување на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, како два штетни и неуставни договори што се директна основа за ваквите напади врз македонската државност и идентитет.






![ВМРО-ДПМНЕ: МЕПСО со СДС и ДУИ отпишувале милионски долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери struja-1-640x427[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/struja-1-640x4271-1.jpg)