MKinformer

your daily dose of news

Лишен од слобода маж осомничен за подметнување пожар во Ѓорче Петров

07/07/2025 23:15

Вечерва (07.07.2025), полициски службеници од СВР Скопје го приведоа 57-годишниот Д.Н. од Скопје под сомнение дека подметнал пожар во тревник на улицата „Стево Црвенковски“ во населбата Ѓорче Петров.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 21:40 часот, кога Д.Н. наводно запалил сува трева, а дејството било забележано од страна на граѓанин кој веднаш го пријавил случајот во СВР Скопје.

Благодарение на брзата реакција на полицијата, осомничениот е приведен на лице место. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!