Лишен од слобода маж осомничен за подметнување пожар во Ѓорче Петров
07/07/2025 23:15
Вечерва (07.07.2025), полициски службеници од СВР Скопје го приведоа 57-годишниот Д.Н. од Скопје под сомнение дека подметнал пожар во тревник на улицата „Стево Црвенковски“ во населбата Ѓорче Петров.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 21:40 часот, кога Д.Н. наводно запалил сува трева, а дејството било забележано од страна на граѓанин кој веднаш го пријавил случајот во СВР Скопје.
Благодарение на брзата реакција на полицијата, осомничениот е приведен на лице место. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






![Завршија зад peшетkи: Уапceни четири лица поради нaпaд на полициски службеници во Скопје policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)