MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО): За да постои македонсиот народ не му треба дозвола: Словенската еврпоратеничка со македонско потекло Ирена Јовева

09/07/2025 7:54

Вчера во Европскиот парламент треба да се гласа Предлог-извештајот за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник, Томас Вајц, а расправата започна вчера.

На истата наместо дебата за тоа како Македонија треба да се реформира, што е и главната поента на ваквите извештаи, доминираа омаловажувањата на земјава од страна на бугарските и грчките пратеници, а главната тема е дали во Извештајот треба да бидат споменати македонскиот јазик и идентитет.

Првично во Извештајот овие референции беа споменати на неколку места, потоа стигна предлог пред нив да стои „модерен“ (сегашен/современ), а на крај предлог тие воопшто да не бидат споменати.

На бугарските европратеници на македонски јазик им се обрати и словенечката европратеничка, со македонско потекло, Ирена Јовева од партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.

За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на Вас за да го признаете тоа Ви треба чесност, инегритет, храброст, рече меѓудругото Јовева.

error: Содржината е заштитена од копирање !!