ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ГОРИ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ: Стопански Двор, Орман, Кучково и Волково
09/07/2025 16:03
Според последните информации кои стигнаа до редакцијата на МК Информер, на територија на Општина Ѓорче Петров има четири активни пожари во моментов.
Во близина на населеното место Стопански Двор горат стрништа, во близина на скопската обиколница кај исклучувањето према селото Орман во моментот гори стовариште и фабрика за бетонски производи Факом, во непосредна близина на реката Лепенец, додека за Кучково сеуште нема информации.
Последна информација е дека гори и игралиштето на последна 22 во Волково.
Поради силниот ветер единиците на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и вработени во Општна Ѓорче Петров имаат потешкотии со локализирање и гаснење на пожарите.






