MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Состојба со пожарите – 25.07.2025 до 20:30 часот

25/07/2025 20:59

Според најновите информации, во државата се евидентирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои:

15 се активни

2 се под контрола

11 се изгаснати

 

АКТИВНИ ПОЖАРИ (15):

  1. Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација)
  2. Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. Градешница и крак кон границата со Грција (мешана шума)
  3. Прилеп 2 – активен кракот кон с. Дрен, додека под контрола е помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
  4. Македонски Брод 1 – с. Црешнево (ниска вегетација)
  5. Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
  6. Штип – помеѓу с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
  7. Карбинци – с. Јунузлија (шума)
  8. Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација)
  9. Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
  10. Старо Нагоричане – с. Руѓинце и с. Орах (шума, сува трева и куќа)
  11. Куманово 1 – н. Ристово Трло (сува трева)
  12. Куманово 2 – с. Романовце (сува трева)
  13. Струмица – м.в. Три Води (вегетација)
  14. Велес – ул. АСНОМ (сува трева)
  15. Росоман – помеѓу Росоман и Градско (сува трева)

 

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (2):

  1. Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
  2. Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија)

 

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (11):

  1. Шуто Оризари – кај општината (ѓубре)
  2. Прилеп – кај касарната (ѓубре и сува трева)
  3. Ресен 1 – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација)
  4. Ресен 2 – с. Прељубје (сува трева)
  5. Македонски Брод – с. Латово (мешана шума)
  6. Кочани 1 – с. Нивичани (ниска шума и сува трева)
  7. Кочани 2 – кај ДООЕЛ „Стоименов“, Кочани (сува трева)
  8. Кочани 3 – с. Мојанци (стрниште и сува трева)
  9. Куманово – с. Романовце (сува трева)
  10. Липково – с. Никуштак (сува трева)
  11. Гостивар – автопат Гостивар–Тетово, кај Бунар Петрол (сува трева)

error: Содржината е заштитена од копирање !!