MKinformer

your daily dose of news

33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола во текот на вчерашниот ден

27/07/2025 10:22

Во текот на изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор. Од нив, 12 се активни, 5 се под контрола, 16 се целосно изгаснати

Активни пожари:
Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација)

Прилеп 1 – с. Бешиште до с. Градешница (Новаци), крак кон границата со Грција (мешана шума)

Прилеп 2 – крак кон с. Дрен, проширен до с. Галиште (Кавадарци)

Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (дабова шума, грмушки, ниска вегетација)

Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (деградирана нискостеблеста шума)

Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума)

Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација)

Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума)

Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација)

Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација)

Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација)

Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација)

Пожари под контрола:
Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума)

Струмица – с. Баница и н. Софилари (висока трева)

Карбинци – с. Јунузлија (шума)

Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар, сува трева)

Изгаснати пожари:
Скопје – Сарај: с. Семениште и с. Паничари

Скопје – Гази Баба: с. Трубарево

Скопје – Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна

Кривогаштани: кај депонијата

Струмица: м.в. Три Води, с. Василево

Струга: с. Калишта и с. Октиси

Штип: м.в. 9-ти км

Карбинци: с. Радање

Куманово: н. Бедиње, с. Табановце, ул. Никола Тесла, с. Тромеѓа

Теарце: с. Непроштено

error: Содржината е заштитена од копирање !!