MKinformer

your daily dose of news

Собранието ја изгласа интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

29/07/2025 15:27

Скопје, 29 јули 2025Собранието на Република Македонија денеска ја прифати интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската партија Левица.

На седницата гласаа 71 пратеник, сите со глас „за“, без против и воздржани.

„Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Овој заклучок ќе биде доставен до Владата и до државниот јавен обвинител,“ изјави потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, која ја водеше денешната седница.

Процедура за разрешување

И покрај усвоената интерпелација, за разрешувањето на државниот јавен обвинител е потребна посебна процедура. Според Законот за јавно обвинителство, Владата треба да достави предлог за разрешување до Собранието, заедно со позитивно или негативно мислење од Советот на јавните обвинители.

Интерпелацијата беше поднесена со образложение за:

  • селективни кривични истраги (особено за трагедијата во Кочани),

  • политички влијанија врз работата на обвинителството,

  • нефункционалност во Вишото јавно обвинителство – Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!