Активни осум пожари во Македонија, еве каде гори
14/08/2025 13:11
На територијата на Македонија до 12 часот се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор. Од нив осум се уште активни, додека 11 се изгаснати.
Ова е ситуацијата со пожарите во моментов низ државава.
АКТИВНИ (8):
1. Општина Македонски Брод 1 – Повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума)
2. Општина Струга 1 – Место викано „Октишка Краста“ (ниска вегетација)
3. Општина Струга 2 – Место викано „Бегова Шума“ во Малесија (ниска вегетација и мешана шума)
4. Општина Прилеп – с. Дабница (ниска вегетација)
5. Општина Македонски Брод 2 – с. Девич – с. Грешница (ниска вегетација)
6. Општина Чешиново – Облешево – с. Теранци (ниска вегетација)
7. Општина Јегуновце – Помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта)
8. Општина Сопиште – с. Св. Петка (ниска вегетација)





![Состојба со пожарите за 24/25.07.2025 до 08:00 часот, активни 7 пожари pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)