По масовна тепачка во Скопје, осуммина под истрага, еден обвинет за обид за убиство
18/08/2025 8:47
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата “Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
До тепачката дошло поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи. За обид за убиство е осомничено лице кое во тепачката користело дрвена даска со која тешко повредил едно лице од спротивставениот табор, нанесувајќи му фрактура на черепот со крварење на мозокот. Друг осомничен нанел тешка телесна повреда – скршена долна вилица, удирајќи со тупаници еден од останатите учесници во инцидентот. Сите останати се осомничени за учество во тепачката, која се случила на 16 август.



![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)
![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

