MKinformer

your daily dose of news

Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча

20/08/2025 12:30

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист. Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.

Се вели во соопштението од МВР

error: Содржината е заштитена од копирање !!