MKinformer

your daily dose of news

ВМРО-ДПМНЕ го кочи Скопје: нема автобуси, нема возен ред, има само партиски интереси!

26/08/2025 18:06

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје ај што не дозволуваат да се набават нови автобуси, него не дозволуваат да се промени возниот ред на ЈСП.
Иако знаат дека фалат 200 автобуси за да ЈСП одговори на постоечкиот возен распоред тие не дозволуваат истиот да биде променет според капацитетите на претпријатието, а за нови автобуси ќе сакаат да зборуваат само ако градоначалникот биде од нивни партиски редови.
Нема делови за кинеските автобуси кои беа набавени во времето на Коце Трајновски, владината набавка на нови еколошки автобуси пропадна само затоа што се јави еден понудувач и тоа кинески.
Привршувајќи го овој душмански мандат во Советот на Град Скопје интересот и потребите на граѓаните на Скопје се ставени во втор или трет ред, но партискиот интерес и политички поени мора да бидат на прво место.
Изворот и причината за проблемот на девастирачката состојба на јавниот превоз во Град Скопје не може и не смее да биде победничка опција на следните локални избори!
Вели во својата објава на Фејсбук Александар Трајановски, советник на ГРОМ и поранешен заменик градоначалник на Град Скопје
error: Содржината е заштитена од копирање !!